Заклучок

Отспроти, на масата седеше пар.

Тој вешто му кимна на келнерот да ја донесе сметката.

Таа, пак, го извади портмонето и рамнодушно ги подаде парите.

А јас? Јас помислив.

 

Кафеаната беше преполна.

Се мешаа извици, силна смеа и ѕвон од испотени кригли пиво.

Таа, препламната и оросена во образите, од зад шанкот неуморно точеше и подаваше среќа.

Кон пултот лежерно пристапи таинствен туѓинец

и нејзиното лице се преобрази во миг.

А јас? Јас се посомневав.

 

На масата зафрлена во дното, лево од шанкот,

седеше мртовец со одлутан поглед.

Ја надигна чашата со коњак и ја излеа во себе на искап.

А јас? Јас се вознемирив.

Advertisements
This entry was posted in Поезија. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s