Фрагменти

Никој не може да каже за љубовта дека е насочена против него и дека на било каков начин го онеправдува и оскрбува.

Благодатта е начин по кој се познава и учествува во љубовта Божја.

Љубовта ни дава можност да припаѓаме секому без никој да не поседува и да го поседуваме сето она што не ни припаѓа.

Изворното значење на поимот за љубовта е дека станува збор за вољата Божја од човекот да направи Бог.

За личноста, не постојат позначајни околности и превосходни цели од љубовта.

Љубовта е снисходење кон туѓото обожение.

Љубовта е единствениот начин да се познае Бог. Таа е благодат на личното снисходење на Бога кон нас и дар на личната заедница со Него во Црквата Христова.

Љубовта го претвора човека во едно целосно уживање.

Љубовта не се брани, туку, постојано, одново и одново, се освојува.

Грев е секое свесно спротивставување на љубовта.

Зарем не е љубовта остварување на вистината!?

Црквата во христијанството е исто што и бракот во љубовта.

Љубовта му е неопходна на секое пријателство засновано врз копнежот и потрагата по вистината.

Љубовта е вистинска само ако произведува брачен сојуз.

Изворното значење на поимот за љубовта е дека станува збор за вољата Божја од човекот да направи Бог. Преку се што не снаоѓа, не друго, туку, љубовта Божја ни се соопштува. Љубовта ги осмислува, благодатта ги исполнува, а милоста ги остварува законот и заповедите Божји. Сите дарби со кои сме благословени имаат единствена намена да се учествува во љубовта Божја, преку личноста Христова, во заедницата на Светиот Дух, односно, да се учествува во животот на Телото Христово – Православната Црква.
Љубовта ги крунисува и осветува сите други дарби со кои од Бога сме удостоени. Благодатта е лично сведоштво на Божјото човекољубие. Верата во Бога ни дава сила да изразиме вистинска љубов, а надежта, да ја потврдиме истата со дела. Без вистинска вера во Христа, невозможно е да се оформи приближно сознание за љубовта, а без надеж во Неговото Воскресение, ниту, да се вршат дела во нејзино име. Православното христијанство е единственото искрено човекољубие. Литургискиот простор е во целост заснован на личноста Христова и всушност, претставува нејзина телесна полнота што ни се дава за да можеме да учествуваме во делото на љубовта Божја, односно, во нашето сопствено спасение. За да си православен, мора да си лирски страден за љубов. Односите помеѓу луѓето треба да бидат сведоштва на љубовта Божја. Полнотата на даровите на Светиот Дух, всушност, го сочинува арсеналот на средствата неопходни за остварување на љубовта Божја.
Молитвата и подвигот се надополнуваат во благодарноста за благословот на љубовта Божја. Жртвата стреми кон воспоставување на правен, а милоста, љубовен однос кон Бога и луѓето. Љубовта чини добро, за да не сведочи лажно и се држи до вистината, за да не злоставува. Само во љубовта целосно си припаѓаме едни на други, без притоа и воопшто да се поседуваме. Љубовта е она ни недостасува, благодатта, тоа што не надополнува, а заедницата, единствениот начин да бидеме совршени. Скапоцено е вниманието, драгоцено влијанието, а бесценета љубовта. Љубовта ја остварува вољата Божја. Човек нема што да даде во доволен залог на љубовта Божја. Проблемот со љубовта е што не е достижна и остварлива без Бога. Човек нема друг начин да припаѓа како што налага остварувањето на љубовта, освен, преку благодатта Божја. Што друго е љубовта од еднодушност и еднотелесност, односно, совршено меѓусебно разбирање и сочувствителност на луѓето во Бога. Љубовта Божја, како превосходен акт на сето постоење, не му беше достижна на човековото сознание се додека Бог, преку воплотувањето и раѓањето Христово, најјасно и недвосмислено не ни покажа дека толку многу не љуби, што и Самиот изволе и не се одврати, токму со личноста на Синот Божји, останувајќи Бог, засекогаш да постане и еден од нас – човек. Човек може да љуби само колку што верува во Бога. Православната вера е делотворна и спасоносна, затоа што е единствената вероисповед која безусловно е посветена на љубовта Божја, изразена праку личноста Христова и остварена во Црквата, како заедница на Светиот Дух.

 

  • Љубовта се остварува во личноста на постоењето. Таа води кон соборен став што ја вклучува сечија личност, односно, сечиј соборен начин на постоење, таковшто, за свој единствен критериум ја има љубовта и се манифестира како одлучност која во целост е заснована врз неа. Единствено љубовта овозможува суштинско единство во кое се запазуваат различностите. Несмесливо и без асимилација. Низ перспективата на личноста, љубовта го исцелува и преобразува дијаболичниот карактер на меѓусебните односи. Љубовта ја покажува личноста во вистинско светло, бидејќи, личноста е љубовно устројство на постоењето. Страста, пак, се разликува од љубовта токму, по тоа што во односот ја исклучува туѓата личност.
    Одтаму, личност е секој што е способен да љуби.
  • Љубов е кога даваш се од себе.
    Животот и нема поинаква смисла,
    од таа, да биде училиште на љубовта.
    Таа е единствената сила, којашто,
    води право кон целта на сечиј живот,
    се подредува на свое место и затоа,
    Оној што љуби,секогаш е свој, на своето.
    Љубовта е подвиг да се осмисли постоењето
    и во себе носи моќ на сеопшта идентификација,
    преку, непосредно сознание.
    Човек и не може да се познае себеси без да и се предаде на љубовта,
    која е единствената воља што го надвишува разумот,
    до слобода од секоја даденост и предрасуда.
    Слободната воља на човекот нема друга достојна намена, освен, љубовта,
    бидејќи, вистинската слобода е способност за љубов.
    Луѓето, најтешко од се ќе Ви ја простат љубовта,
    а тежината на гревот е токму, во неговата усмереност против љубовта.
    Впрочем, ние свесно го убиваме секого што одбиваме да го љубиме.
    И страдаме, одбивајќи да ги прифатиме настаните
    за поука и надградување во љубовта, затоа што,
    страста е се она што не оддалечува од неа.
    Љубовта е уверлива и утешителна,
    а верата и надежта се единствените докази
    достојни да го посведочат нејзиното постоење.
    Всушност, таа и ни дава за право да се надеваме и не обврзува да веруваме,
    влевајќи доверба во смислата и побудувајќи надеж за целисходноста на нашето постоење.
    Неа можеш да ја имаш само доколку со својата вера и дозволиш да постои,
    и во својата надеж и овозможиш да се оствари,
    затоа што, задоволството на љубовта
    е во потврдување на верата и остварување на надежта.
    И што друго е љубовта, ако не,
    можност да се познае вистината
    и способност да се изврши правдата.
    Впрочем, не е достојно за вистината,
    на било каков начин, принудно да и се потчинуваат,
    туку, единствено слободно да ја љубат.
    Љубовта е единствената сила која победува и превладува без присила,
    такашто, ослободува и одоброволува, следствено на што,
    сите други доблести се пожелни, а таа е воедно и поволна,
    затоа што, поседува спасоносна сила, се да издржи до крај.
    Љубовта е единствената сила која води кон целта на нашиот живот.

Зарем има нешто побезумно и поспротивно на љубовта од непријателството? Истовремено, зарем постои поголем предизвик и испит за љубовта од непријателите? И зарем постои некој кому нашата љубов повеќе му е потребна од оние кои непријателски се расположени кон нас?

 

Единството помеѓу Бога и човекот може да се оствари единствено како плод на взаемна љубов, којашто, како и при секое друго соединување, претпоставува одредена, меѓусебна жртва и тоа, благодатна од страна на Бога и благодарствена од страна на човекот.

Ако ветуваш љубов, го ветуваш Бога.

Општата воља од поединецот прави личност.

Најлесен начин да се збогатиш е да се избориш за право самиот да си ја одредиш вредноста.

Вистинското сродство се изведува од познанието на Бога.

Личноста не резултира од инаквоста на посебноста, туку, од нејзината универзална истост, односно, битијна веродостојност на секоја друга посебност.

Благодатта Божја се актуелизира како соборност на Црквата во личноста Христова.

Личноста е таква посебност со која е можно веродостојно да биде претставена и секоја друга посебност.

Личноста е универзална важност на нашата посебност.
Субјективитет кој има значење и намена за сите и за се.

Личноста се манифестира како одлучност која во целост е заснована врз љубовта.

Нашата клучна политичка заблуда е дека името на државата претставува верен симбол на националниот идентитет.

Љубовта се остварува во личноста на постоењето.

Личноста е врховен духовен критериум.

Духовната смрт не е бездушност, туку, рамнодушност.

Номенклатурата на искуството е бинарна.

Во љубовта може да се учествува непрекинато само преку дарот на умносрдечната молитва.

Еклектицизмот би го користел само како алегорија на искуствените сознанија.

Низ перспективата на личноста, љубовта го исцелува и преобразува дијаболичниот карактер на меѓусебните односи.

Љубовта води кон соборен став што ја вклучува сечија личност.

Само љубовта овозможува суштинско единство во кое се запазуваат различностите. Несмесливо и без асимилација.

Не мисли го и не прави го она што не може да се подари некому.

Страста е уживање без задоволство. Таа го продлабочува недостатокот во душата.

Љубовта е првото лице на секоја множина.

Што друго е љубовта од еднодушност и еднотелесност, односно, совршено меѓусебно разбирање и сочувствителност на луѓето во Бога.

Изворното значење на поимот за љубовта е дека станува збор за вољата Божја од човекот да направи Бог.

Преку се што не снаоѓа, не друго, туку, љубовта Божја ни се соопштува.

Животот нема поинаква смисла од тоа дека е училиште на љубовта.

Мисијата на поп културата и нејзината иконографија е да не навикне на присуството на антихристот во нашите животи.

Задоволството на љубовта е во потврдување на верата и остварување на надежта.

Љубов е кога даваш се од себе.

Страст е се она што не од ослободува и оддалечува од љубовта.

Страдаме затоа што не ги прифаќаме настаните за поука и надградување во љубовта.

Ако некој го загубил клучот, не значи дека литургискиот чин во Православната Црква, туку-така, некритички напластил историски слоеви без богословско значење.

След Христа, есхатологията включва в себе си и цялата история.

Во суштина, предмет на преговори може да биде единствено начинот на присоединување на МПЦ кон ПОА, во која, практично суштествува се она што може да го содржи најповолниот договор за надминување на расколот. Со други зборови, со постоењето на ПОА расколот во Македонија е практично институционално надминат и мостот за негово натамошно поединечно или групно надминување – веќе воспоставен, такашто, сосема е несоборно и канонски неодговорно да се промовира некаков црковен ексклузивитет и паралелизам со тоа што би се преговарало со МПЦ за јурисдикциски прашања кои веќе немаат никаква врска со нивната состојба на раслол.

Може прилично сигурно да се тврди дека во одредена просторија живеат медиокритети, доколку, големината на екранот од телевизорот во инчи, двојно или повеќе ја надминува површината на собата, во метри квадратни.

Во Црквата не е возможно да се има подвиг и чин што ја надминува духовната зрелост, затоа што е така устроена во Соборноста Христова што секој еден член да го назначува и вдахновува единствено според вољата Божја.
Од друга страна, надвор од организмот на Црквата духовниот живот и подвиг губи секаков критериум и станува бесмислен, односно, невозможен.

Човек не може повеќе да се понижи себеси, отколку преку омразата.

Сетилата не се наменети за телесни наслади, туку, за да овозможат проповед и соопштување на духовната реалност до оние суштества кои не се способни непосредно да учествуваат во неа.

Човек може да се познае себеси само со помош на љубовта.

Сакам да бидам таков што и сите други да можат да бидат она што се.

Личноста е соборен начин на постоење, таков што, за свој единствен критериум ја има љубовта Божја.

Од духовниот оган постојано се раѓа духовна светлина и насекаде исходи, иста таква топлина.

Љубовта ги осмислува,
благодатта ги исполнува,
а милоста ги остварува
законот и заповедите Божји.

Образот Божји е вложен во природните својства на душата, а подобието – во нејзините лични особености.

Доброто се претвора во зло кога им се претпоставува на поголемите од себе добра.

Човечката душа е воедно
и бесмртна според вољата Божја,
и смртна, според сопственото произволение.

Се е добро само додека е на своето место
и го прави она што му доликува од Бога.

Верата и надежта се единствените докази достојни на љубовта.

Љубовта најмногу се ужаснува и жалости од логиката и користа.

До познание на вистината и доброто не се доаѓа преку дистинкција од лагата и злото, туку, единствено преку верата и надежта.

Животот на душата не е во тоа самата да биде подвижна, туку, да ги придвижува и оживува оние делови од човекот кои самите, без да бидат проникнати и проземени од неа, се неподвижни и мртви.

Смртта на душата се состои во нејзината соголеност и лишеност од славата Божја.

Секое суштество живее само доколку со своето постоење го прославува Бога.

Животот е одтаму што ниедно создадено битие не се има самото причинето ниту се има себеси за цел на своето постоење, туку, според својата природа е причесно на сила која му овозможува да се движи кон неговото назначение.

Животот е сила која не движи кон целта на нашето постоење.

Времето како разумска телесност.

Слободата е битијна независност и неусловеност, односно, целосна самобитност.

Кога слободата би се состоела во иманенцијата на постоењето, Бог, како апсолутно трансцедентен на се постоечко би можел со право да биде сметан за најограничено и дури, сосема невозможно битие.

Колку е поголема битијната слобода и достоинство, дотолку поголема е личната одговорност за начинот на постоење на тоа битие.

Ако слободата претпоставува можност за избор на себеуништување и ако нужноста на постоењето ја ограничува истата, тогаш, ни за самиот Бог не можема да кажеме дека е сосема слободен во таа смисла.

Штом човекот е создаден по образ и подобие на Бога, тогаш, во неговата природа не може да има било какво својство кое не би му доликувало на Неговиот Творец, а најмалку, тежнение кон ништавило и небитие.

Телесно е она умување кое смета дека е можно постоење на небитието во создаданијата како нивно природно својство.

Вистинска е само онаа вера во Бога која се исповеда преку покајание.

Им веруваме на пријателите,
се надеваме на ближните,
ама, им припаѓаме единствено
на оние што ги љубиме.

Простувањето е основа за секоја друга добродетел.

Праведноста и добродетелноста не учат и воспитуваат високо да ги цениме милоста и простувањето.

Крстот Господов е Неговата човечка душа и нејзиниот природен стремеж за созерцување и прославување на Бога, во личноста Христова.
На ист начин и душата на секој еден христијанин, водена од истите соображенија, станува негов сопствен крст со помош на кој, како личност може да му последува и му се вподобува на Христа.

Благодатта е можност за сеопфатно познание на Божјата воља.
Таквата можност ни е дадена во личноста Христова.

Љубовта е единствената можна,
навистина слободна воља.

Сите дарби имаат единствена намена да се учествува во љубовта Божја, преку личноста Христова, во заедницата на Светиот Дух, односно, да се учествува во животот на Телото Христово – Православната Црква.

Љубовта ги крунисува и осветува сите други дарби со кои од Бога сме удостоени.

Сите дарби се пожелни, но,
само љубовта е поволна.

Благодатта е лично сведоштво на Божјото човекољубие.

Благодатта Божја го ополномоштува човекот како полновластен и сеодговорен за својата судбина.

Личноста е неприкосновено право и неограничена одговорност на постоење.

Религија може да се нарече само оној организиран верски живот чија што цел не е да воспостави Царство Божје на земјата, туку, да го востанови човекот во тоа Царство, кое што е на небото.

Колкумина денес богословат,
ова мора да се последните времиња.

Разумскиот суд произлегува од сомневањето во Божјата воља.

Доменот на разумот е во дуализмот на појавите.
Тој не умее да го препознае доброто, ако не е во можност да го спореди со злото.
На тој начин, разумот го оправдува постоењето на злото, како неопходно за пројава и познание на доброто.

Верата во Бога ни дава сила да изразиме вистинска љубов, а надежта, да ја потврдиме истата со дела.

Без вистинска вера во Христа,
невозможно е да се оформи приближно сознание за љубовта,
а без надеж во Неговото Воскресение, ниту, да се вршат дела во нејзино име.

Метанојата на умот е главен услов за метаморфоза на целото битие во Тело Христово.

Смислата на секоја добродетел е од човекот да направи свет дар и принос достоен за покајание и преобразба во Телото Христово.

Црква, значи невеста.

На Бога му годат оние наши дела кои се во прилог и во полза на Неговото дело за спасението на луѓето, кое е Црквата Христова.

Верата во Бога живее преку делувањето во Христа. Верува искрено оној кој без остаток учествува во Божјото дело за спас на човештвото, кое постојано се совршува во Телото Христово, Православната Црква.

Мисијата на Црквата е да го оприсутни и опричесни евангелието Господово до секој еден човек, од секоја историска епоха. Секој да има шанса да биде современик и да земе учество во делото на спасението, како член на Телото Христово, кое е Црквата.

Благодатта Божја е можноста за вистинско созерцување и богопознание преку единство со Бога, во личноста Христова.

Човек не е богат колку што „може“ да подари, туку,
колку што е спремен на другите да им прости.

Пријателите се олицетворение на нашите желби,
а ближните, остварување на нашата воља!

За објективно да ги оцениш своите помисли и дела, представи си ги пред себе си како дете.

Слободата не е во правото, туку,
во исправноста на изборот.

Децата се совеста на човештвото.
Но, човек може да го сочува живо детето во себе, единствено,
преку блаодатта на крштението во Господа Исуса Христа,
односно, како жив член на Неговото Тело – Црквата Божја.

Љубовта ја покажува личноста во вистинско светло.

Расколот е самоубиство во Христа.

Ако љубовта е закон над сите закони, тогаш,
расколот е ултимативно злосторство
и најтежок облик на криминал.

Човек најбрзо ќе ја познае немоќта на својот разум доколку со неговите сили се обиде да ги оцени своите постапки.

Не е достојно за Вистината, на било каков начин, принудно да и се потчинуваат, туку, единствено слободно да ја љубат.

Вистинската слобода е независност од сопственото мислење.

Личноста се стекнува исклучиво со учество во Црквата Христова.

Православното христијанство е единственото искрено човекољубие.

Чувствата неуморно ги следат промените, а мислите вечно трагаат по цврста потпора.

Она што Господ може да им помогне на оние кои се во раскол, Он го прави. И гледаме како по некое време исчезнуваат историските причини за расколот, а останува само инаетот и зловолноста.
Таков е случајот и со етнофилетистичките расколи, чија судбина е да предизвикаат исчезнување од историската сцена на нациите и нивните држави чиј што идентитет станал повод и изговор за отпаѓање на цели поколенија во раскол.
Во таквата судбина имаме прилика да се увериме на случајот со Украина, но и од стерилноста на нашата сопствена националност и државност со која се измачуваме без успех веќе четвртина век.
На крајот, никој нема да може да се оправда со историските околности и да ја избегне личната одговорност за состојбата во која останал да пребива.

За благодат треба го сметаме само она од кое можеме да бидеме лишени во вечноста.
Се останато ќе ни се придодаде.

Литургискиот простор е во целост заснован на личноста Христова и всушност, претставува нејзина телесна полнота што ни се дава за да можеме да учествуваме во делото на љубовта Божја и воедно, нашето спасение.
Конститутиваен елемент на таа полнота е пречистиот дар на човештвото кое за сите нас, на Бога доброволно му го принесе Пресвета Богородица, заради што и заслужува да ја воспеваме, славиме и величаме повеќе од ангелите и од сите други созданија, заедно со сите човечки поколенија до крајот на светот и во вечноста.

Личноста е љубовно устројство на постоењето.

За да си православен, мора да си лирски страден за љубов.

Љубовта е подвиг да се осмисли постоењето.

Личноста е вистинска свест за славата Божја.

Односите помеѓу луѓето треба да бидат сведоштва на љубовта Божја.

Љубовта е моќ на сеопшта идентификација.

Личност си кога ќе му дозволиш на Христа да живее и дејствува преку Тебе. Човек не може да биде личност на друг начин, освен, како орган на вољата Божја во Телото Христово, Кое е Црквата.

Целите на расколот секогаш се политички.

Луѓето, најтешко од се
ќе Ви ја простат љубовта.

Врската на мирот е добрата воља, т.е., љубовта.

Фактички, го убиваме секого што одбиваме да го љубиме.

Живи сме се додека нашата актуелност е различна од просечноста.

Љубовта можеш да ја имаш доколку со својата вера и дозволиш да постои, а надевајќи се и овозможиш да се оствари.

Умно е она во однос на кое, секое друго може да се покаже целисходно корисно.

Жртвата стреми кон воспоставување на правен, а милоста, љубовен однос кон Бога и луѓето.

Вистинската слобода е можност да се спознае различност до целосно поистоветување со неа, односно, способност за љубов.

Слободната воља на човекот нема друга достојна намена освен љубовта и токму затоа, секој што слободата ја има зачувано, безрезервно во љубовта ја вложува.

Право е само она поради кое не страдаат невини.

Поимот за слободата може да биде вистински оформен само низ борбата со страстите.

Човекот умира така што пропаѓа неговото царство, а тој самиот, бива заробен и одведен во туѓина.

Од каков дух се владееме,
во таков дух и живееме.

Најдрагоцен талант што го надоместува секој наш недостаток и не покажува совршени пред Бога е смирението, односно, духовното сиромаштво.

Мора да се признае дека дијалогот што го води Православната Црква со Ватикан последниве децении (Договорот од Баламанд), многу придонесе за ретерирање и пасивизирање на експанзионистичката доктрина за унијатење во земјите каде црковната јурисдикција на Православната Црква не им е по воља на етнофилетистичките и националистичките политики.
Сигурен сум дека доколку СПЦ не земеше активно учество во тој дијалог, Македонците веќе одамна ќе беа грко-католици!

Што друго е љубовта, ако не, можност да се познае вистината и способност да се изврши правдата.

Очајот се јавува кога човек е лишен од можноста да Му се восхитува на Бога.

Ќе биде спасено сето што е загубено заради православно исповедање на Божјата воља, односно, заради Христа.

Во МПЦ постои и една значителна фракција на загрижени самонабедени ултраправославци кои развиваат посебна, антиекуменистичка апологетика за состојбата на расколот во кој се наоѓаат, пришто, забораваат дека нивната парацрковна организација е основана директно од КОС и УДБА, за кои пак, не е никаква тајна дека делуваа како “испружена рака” на ЦИА и Ватикан, создавајќи една потајно унијатска ерархиска структура која за нивните интереси успеа да опустоши во верата уште еден словенски народ, преобразувајќи не во новокомпонирани пољаци, хрвати или украинци на југот од Балканот.
Нивната појава претставува своевиден парадокс на унијатски антиекуменизам! Да му се преврти на човек утробата.

Без верата во Бога, човекот го прилагодува поимањето за вистината на своите скромни разумски способности, такашто, најслабите создаваат идоли, т.е, лажни претстави за вистината во својата свест, а најумните, целосно ја побиваат можноста за нејзино постоење.

Етосот на сите историски религии е во принесувањето жртви за одоброволување на боговите. Единствено во Православната Црква Бог се принесува Себеси за жртва, а на милоста (или немилоста) на човекот.

Милоста често се отфрла само затоа што нема изглед на орден или награда.

Полнотата на даровите на Светиот Дух, всушност, го сочинува арсеналот на средствата неопходни за остварување на љубовта Божја.

Молитвата и подвигот се надополнуваат во благодарноста за благословот на љубовта Божја.

На секој еден народ, Бог му подига лидер според изгледот на срцата нивни.

Страста соединува преку мешање и слевање во безлична стихија и хаос.

Човекот може да полага право само во однос на нештата од општ интерес.

Гревот е противприродно животно начело.

Љубовта чини добро,
за да не сведочи лажно
и се држи до вистината,
за да не злоставува.

Само во љубовта целосно си припаѓаме едни на други, без притоа и воопшто да се поседуваме.

Вистинскиот успех на рускиот ангажман во Сирија подразбира брзо елиминирање и разоружување на сите бунтовнички групации и воспоставување ефикасен институционален поредок на целата територија на државата, заради брзо оневозможување на организираната бегалска емиграција.

Мислам дека со синтагмата “биолошка ипостас”, во богословското мислење некритички се воведе еден неиздржан и речиси самоповрглив поим – окскиморон.

Ако је могао читав легион нечистих духова да борави у једном ђавоиманом човеку, зашто онда, не би исто тако могли живети и боравити у васкрслом Телу Христовом и душе свих умрлих хришћана, све до свеопштег васкрсења приликом другог и славног Христовог доласка, који се има догодити.

Самоубиството е само синоним или симбол на расколот, односно, на отфрлањето на единството со Бога и одбивањето да се биде органски член на Телото Христово, како дар на Светиот Дух што се раздава преку светите тајни на Православната Црква.

Хула против Светиот Дух е конечното и неповратно отфрлање на надежта во вечноста и блаженството на животот.

Љубовта е она ни недостасува,
благодатта, тоа што не надополнува,
а заедницата, единствениот начин да бидеме совршени.

Животот се сака и чува, такашто, не се злоупотребува.

Прифаќајќи го гревот, ги отфрламе оригиналноста и совршенството, со што, фактички ја губиме слободата и сме на сигурен пат, конечно да се откажеме и од самиот живот.

Интенцијата на гревот е да го сведе нашето постоење единствено во сегашноста.

Психолошките мотиви дотолку не се добра причина, колку што не можат да бидат ниту доволно оправдание за нашите постапки.

Скапоцено е вниманието,
драгоцено влијанието,
а бесценета љубовта.

Единствено преку поезијата мислата може да бара прибежиште од судот за своите предмети.

Искуството овозможува оформување симболична представа за мислење на непоимливите и неспознатливите нешта.

Вредноста на искуството е во се она, што преку него станува возможно да се замисли дека постои.

Феноменот на созданијата има симболична природа и секогаш, многу повеќе наговестува, одошто, открива на нашето сознание.
Заради тоа, научното искуство нема потенцијал за сознавање на конечната вистина.

Само љубовта овозможува непосредно сознание.

Само љубовта е спасоносна, затоа што, единствена е која има сила, се да издржи до крај.

Средствата ја оправдуваат целта.

Срцето се радува само на она по кое ревнува.

Љубовта се подредува на свое место.
Љуби, за да бидеш свој на своето.

Не сум сигурен кој од поимите “успех” и “среќа” е поголем идол во нашево време?

Љубовта попрво ќе направи, од што ќе каже.

Љубовта влева доверба во смислата и побудува надеж за целисходноста на нечие постоење.

Личност е секој што е способен да љуби.

Човекот е предодреден преку него да се насели и заживее Бог меѓу своите созданија.

Изгледот и својствата на созданијата се резултат на нивното учество во славата Божја.

Љубовта ја остварува вољата Божја.

Човек нема што да даде во доволен залог на љубовта Божја.

Проблемот со љубовта е што не е достижна и остварлива без Бога.

Човек нема друг начин да припаѓа како што налага остварувањето на љубовта, освен, преку благодатта Божја.

Времето е растојание во однос на вољата Божја.

Личноста на еден човек се остварува во секоја пригода кога постапуваме како што на наше место би постапил Христос.
Тоа, пак, да се раководиме од умот Христов, се подразбира дека е невозможно доколку човек не е светотаинствен дел од Православната Црква, односно, Телото Христово.
Па, така, надвор од Црквата, на човека не му е можно во животот да се оствари на ниту еден благообразен и благочестив начин, ниту како искрен родител, сопружник, син, брат или пријател, а најмалку, како посветен на Бога монах, епископ или свештеник.
Едноставно, надвор од Телото Христово се е лажно, притворно и делумно, т.е, нецелосно и безблагодатно, та, без исклучок, сите се покажуваме како неодговорни родители, неверни сопружници, неблагодарни синови, несложни браќа, неискрени пријатели, мрзеливи и немарни монаси, лажни епископи и свештеници, или, во се спротивни на Христа, презрители на Божјата Премудрост и на преблагата Промисла за нас и нашето спасение во вечноста.

Соборноста на Православната Црква е поредок и устројство со кое најдиректно се потврдува и афирмира богослужбениот карактер на нејзиното постоење, односно, екуменскиот карактер на делото Христово.

Благодат е тоа што, иако си човек, сепак, можеш да му бидеш син на Бога.

Живи сме се додека не можеме да се помириме со неправдата која им се нанесува на другите.

Кој навистина верува во Христа се познава по тоа дали живее во Него и не се одвраќа да ја дели судбината на Неговото Тело – Православната Црква.

За добродетелни може да се сметаат само оние наши дела кои придонесуваат да ја примиме во себе Црквата Божја, такашто и самите да станеме органски дел од Неа.

Љубовта е единствената сила која води кон целта на нашиот живот.

Смртта владее со неавтентичноста.

Личноста е интегритет на постоењето.

Човекот е единственото суштество,
кое, за да се оствари себеси,
мора да стане бог.

Човек најбрзо ќе ја познае немоќта на својот разум доколку со неговите сили се обиде да ги оцени своите постапки.

Не е достојно за Вистината, на било каков начин, принудно да и се потчинуваат, туку, единствено слободно да ја љубат.

Вистинската слобода е независност од сопственото мислење. Таа е можност за сознавање и дејствување без посредство на искуството.

Единствената волја која го надвишува разумот до слобода од секоја негова даденост, е љубовта.

Личноста се стекнува исклучиво со учество во Црквата Христова.

Православното христијанство е единственото искрено човекољубие.

Чувствата неуморно ги следат промените, а мислите вечно трагаат по цврста потпора.

Вистинското сродство се изведува од познанието на Бога.

Личноста не резултира од инаквоста на посебноста, туку, од нејзината универзална истост, односно, битијна веродостојност на секоја друга посебност.

Благодатта Божја се актуелизира како соборност на Црквата во личноста Христова.

Личноста е таква посебност со која е можно веродостојно да биде претставена и секоја друга посебност.

Личноста е универзална важност на нашата посебност.
Субјективитет кој има значење и намена за сите и за се.

Личноста се манифестира како одлучност која во целост е заснована врз љубовта.

Љубовта се остварува во личноста на постоењето.

Личноста е врховен духовен критериум.

Личносноста претпоставува една објективна трансцедентност на сопствената реалност, неjзината изразност и општост.

Љубав уприличава постојање.

Во љубовта може да се учествува непрекинато само преку дарот на умносрдечната молитва.

Низ перспективата на личноста, љубовта го исцелува и преобразува дијаболичниот карактер на меѓусебните односи.

Љубовта води кон соборен став што ја вклучува сечија личност.

Љубовта е првото лице на секоја множина.

Што друго е љубовта од еднодушност и еднотелесност, односно, совршено меѓусебно разбирање и сочувствителност на луѓето во Бога.

Изворното значење на поимот за љубовта е дека станува збор за вољата Божја од човекот да направи Бог.

Преку се што не снаоѓа, не друго, туку, љубовта Божја ни се соопштува.

Животот нема поинаква смисла од тоа дека е училиште на љубовта.

Задоволството на љубовта е во потврдување на верата и остварување на надежта. Љубовта ни дава право да се надеваме и не обврзува да веруваме.

Љубов е кога даваш се од себе.

Љубовта Божја, како превосходен акт на сето постоење, не му беше достижна на човековото сознание се додека Бог, преку воплотувањето и раѓањето Христово, најјасно и недвосмислено не ни покажа дека толку многу не љуби, што и Самиот изволе и не се одврати, токму со личноста на Синот Божји, останувајќи Бог, засекогаш да постане и еден од нас – човек.

Истрискиот идентитет на христијанинот произлегува од љубовниот идентитет на неговата личност во Црквата Божја.

Благодатта е можност да се стане личност, а притоа да се остане човек.

Ljubovta e edinstvenata sila koja pobeduva i prevladuva bez prisila, taka što osloboduva i odobrovoluva.

Težina greha je u njegovoj usmerenosti protiv ljubavi.

У основи, постоје две врсте богословља.
Прво, које проистиче из покајања, а друго,
које се производи и произноси ради оправдања.

Православната вера е единствената непобитна потврда на Божјото постоење.

Православната вера е делотворна и спасоносна, затоа што е единствената вероисповед која безусловно е посветена на љубовта Божја, изразена праку личноста Христова и остварена во Црквата, како заедница на Светиот Дух.

Овој живот може да биде благословен со целисходност единствено заради стекнување и исповедање на православната вера во Бога.

Човек може да љуби само колку што верува во Бога.

Obrazot i podobieto vo čovekot se vsušnost, mestoto i ulogata na Boga među negovoto sozdanie.
Tie se činot i dejstvoto na prisustvoto Božjo, odnosno, značenjeto i celta na samoto sozdavanje.

Страст е се она што не од ослободува и оддалечува од љубовта. Страдаме затоа што не ги прифаќаме настаните за поука и надградување во љубовта. Страста се разликува од љубовта по тоа што во односот ја исклучува туѓата личност. Strasta e nemoć da se prepoznaeme vo bližniot i da go sogledame Boga vo sebe.

Malite zadovolstva vodat vo golemi razočaruvanja.

Sekoja duša vo Boga e srodna.

Христијанинот работи и се труди преку послушност да го изрази своето каење. Секој здив без молитва е суетен.

Raskolot go otfrla kriteriumot na crkovnosta, koj e potčinuvanje na sopstvenata volja na Boga, vo ličnosta na Hristos Bogočovekot, a kako posledica na toa, ja gubi i svesta za principot na sobornosta, odnosno, na učestvuvanjeto vo Crkvata-Teloto Hristovo po blagodat, so sebeprinesuvanje i povinuvanje na blagovolenieto Božje, a ne so prevoznesuvanje i nametliva nadmenost kako što site raskolnici se obiduvaat, zaradi što i otpađaat od večniot život i po svoja prilika, samite vo sebe se raspađaat na bezbroj poedinečni interesi i proizvolenija. Расколот, само поради недостаток на љубов и од љубомора, одново го распнува Христа и неговите светители.

Благодат је, што је Бог постао човек, а дар Духа Светога, оно чиме човек постаје Бог. Јер је прво, сам живот Господа Исуса Христа, Његово Свето Јеванђеље, а друго, наше учешће, обузетост и живљење тим јеванђељским животом или тачније, живљење Христово кроз нас самих, преображених сасудима дејства Духа Светог. Зато што у икономији спасења, Сину припада оно у чему се као човек може учествовати – ипостас Христа Богочовека, а Духу, оно чиме се само то учешће и усиновљење остварује – дејство нестворених божанских енергија. А све то, да би се човеку, кроз благодат Сина објавила и у заједници Духа Светог испунила воља Божја, која је љубав Очева.

Von Sobornosta na Crkvata ne može da se sočuva Svetosta na Pravoslavnata vera, nitu celinata (Ednosta) na čovekovata volja vo stremežot na pobožnosta, a Apostolskoto preemstvo ostanuva otsečeno od čokotot i korenot na hristijanstvoto, odnosno, se pretvora vo starozavetno sveštenstvo i levitstvo, so tendencija kon mađesništvo i guruizam. Takvata duhovnost e artificijalna i celosno instrumentalizirana vo korist politikata.

Zarem postoi pogolema afirmacija za bilo čij jazik, kultura ili identitet od nivnata bogoslužbena upotreba vo Svetata Evharistija na Crkvata Hristova. Sekoj narod go ovekovečuva svoeto postoenje koga će uspee da se pribroi i dobie udel vo narodot Božji što go sočinuvaat členovite na Pravoslavnata Crkva, edinstvenite od Boga priznati i posvedočeni hristijani.

Христијанската вера можеме да ја исповедаме само со помош на Светиот Дух, признавајќи дека Господ Исус Христос дошол и го извршил делото на нашето спасение во човечко тело. Како ќе го сториме тоа ако не сакаме да учествуваме во тоа исто Тело Христово, кое всушност е Соборот на Православната Црква? Свесни ли сме дека секој дух што се противи на оваа вистина, било преку ерес или раскол оддалечувајќи не од ова Тело, всушност, не е од Бога, туку е од антихристот, за кого имаме чуено дека доаѓа и веќе е во светот, преправајќи се дека е христос и заведувајќи мнозина дека се христијани (Јн. 4; 1–3).

Svrha razlikuje volju od htenja.

Времето и просторот се пројава на повисока сеопфатна свест за постоењето на светот. Тие се доказ дека нештата не постојат само едно во друго или наспроти себе, туку и како дел од една неизмерна реалност која целосно ги одредува.

Vistinata seopfatno ja izrazuva logikata na neštata.

Знакот дејствува, симболот се простира а ликот трае.

Љубовта е уверлива и утешителна.

Ако љубовта е закон над сите закони, тогаш, расколот е злосторство и ултимативен криминал. Тој е самоубиство во Христа.

Мажот е роден да гине, жената да раѓа, а човекот да стои пред Бога.

Само љубовта овозможува суштинско единство во кое се запазуваат различностите. Несмесливо и без асимилација.

Благодатта Божја е личноста Христова.

Царството Божје не е ништо друго, туку, Телото Христово, Православната Црква!

Разликата помеѓу православните и останатите кои се декларираат како христијани е што првите, својата вера ја исповедаат земајќи учество во Телото Христово кое е Православната Црква, а вторите, во произволни и вон Христа засновани, расколнички и еретички собранија, кои не можат да се наречат цркви.
Како последица на тоа, едните ќе воскреснат како дел од Христа, а другите, надвор од Него.

Со воскреснувањето на Христа,
воскресението стана својство
на нашата сопствена природа.

Животот е ужасно краток за да се препушти на уживање.

Крштевајќи се во Христа, ние благодатно го менуваме нашиот родослов и не сме повеќе она семе што дотогаш сме биле, туку, стануваме синови на Пресвета Богородица и директни потомци на Св.Цар Давид и Св.Првосвештеник Арон.

Ludiloto e poza vo odnos na koja site ispađaat glupavi.

Дека Светиот Дух е личност рамночесна на Отецот и Синот се потврдува и од фактот што даровите на божественоста, несоздадените божествени енергии, Тој ги разделува нелинеарно, секому посебно, според неговите лични потреби и можности да учествува во Христа.

Даровите на Светиот Дух се излеваат врз оние кои навистина ја примаат благодатта Божја, прифаќајќи ја можноста да бидат Христови.

Сите разумни луѓе веруваат во Бог, само православните христијани – во Богочовек.

Човекот може да биде спасен единствено како Бог.

Само во Црквата, како дел од Телото Христово, можеме да бидеме чеда Божји. Надвор од неа, не можеме да имаме ништо заедничко со Христа.

След Христа, есхатологията включва в себе си и цялата история.

Сексуалноста ја одразува немоќта во љубовта.

Страста е уживање без задоволство. Таа го продлабочува недостатокот во душата.

Еклектицизмот би го користел само како алегорија на искуствените сознанија.

Духовната смрт не е бездушност, туку, рамнодушност.

Номенклатурата на искуството е бинарна.

Постмодерната, бидејќи деконструктивизам и постструктурализам на мислењето, наведува на опортунитет, односно, на малодушност и апатија во секоја смисла или кон една претпоставена апсолутна произволност на мислењето. Таа предизвикува заробеност во релативноста на мислењето однапред лишено од смисла и осудено на бесмисла. Ако модерната им припаѓа на медиокритетите, постмодерната им е наменета на оние кои се глупави по сопствен избор, без посредство на заблуди. Наспроти неа, потребни се морални идеи, историски хипостазирани, односно, веродостојно осуштествени.

Православната вера е делотворна и спасоносна, затоа што е единствената вероисповед која безусловно е посветена на љубовта Божја, изразена праку личноста Христова и остварена во Црквата, како заедница на Светиот Дух.

Во Православната Црква, секоја инстанца на власт е свештенослужбена и имперсонална, односно, ипостазирана и оличена по благодат од Исуса Христа, а авторитетот по прашањата на верата, секогаш харизматски, неформален и независен од ерархиската положба на личноста која го ужива исклучиво како дар од Бога, добиен по распоредба на Светиот Дух.

Стварање ни из чега, не ослобађа створења њихове унутарсветскости, нити их онтолошки узводи Богу ослобађајући их од саме њихове космолошке стварности и датости, јер би то заправо значило да су створења већ генерички обожена и причасна Богу као своме Ствараоцу.

Бог нема онтолошко начело будући да је беспочетан и несаздан. У Богу Светој Тројци постоји само ипостасно начело и узрок, причему, ипостас Оца није узрок свога бића, будући да није било када Отац није био Бог.

Имајући овакве одреднице у виду, можемо рећи да је основна тежња екуменизма присвајање ауторитета и овлашћења Цркве и Њено поистовећивање собом. Свесни да су сав ауторитет и овлашћења у Цркви предати Њеном сабору, они сулудо раде на фалсификовању принципа саборности ради узурпације поменутих овлашћења и компромитације самог хришћанства.

Čak i kada bi svejeretici ekumenisti i uspeli da lažiraju sabor Crkve na kome bi se donela odluka o uniji sa papistima, takva bi odluka opet bila nelegitimna, a njihovo zborište samo običan razbojnički skup koji će Crkva vremenom odbaciti i osuditi. Prema tome, ekumenizam i ostale jeresi nemaju snage i vlasti da pobede i unište Pravoslavnu Crkvu i njihov jedini cilj je odvođenje u raskol što više ljudi radi pogibije njihovih duša.

Crkva ne treba da vodi dijalog već da svedoči ovaploćenu istinu o Bogu i čoveku Hristu Spasitelju. I zašto bi takvo svedočanstvo nazivali ekumenizmom. Crkva je preispunjena punoća svih blaga oboženja ljudi. Njoj ne treba dopuna niti dodatak da bi postala vaseljenska ili katoličanska ili saborna. A šta će Crkvi dijalog kada je ona zasnovana na jedinom istinskom Logosu i Njeno mišljenje nije diskurzivno, već, sveobuhvatno i nepogrešivo, a dijalog je razmatranje različitih mišljenja, bez predrasuda o njima, pri čemu, dijalogom se ne dolazi do istine, već verom i pokajanjem.

Православна Црква и њена природа искључују могућност екуменског епископа. Свака претензија на папство у ауторитету по питањима вере и власти над уређивањем Црквеног живота, односи претенденте у раскол са Сабором Православне Цркве.

Саборност Цркве је квалитет Њеног бића, Њена христоликост и хришћанскост, а не папоцентрично католичанство. Првенство међу епископима у Православној Цркви није принцип Њене саборности или католичности, већ, родословље Њеног прејемства којим се указује част и поштовање помесним катедрама у виду претседништва Њеног Васељенског Сабора. Епископство је пуноћа свештенослужитељске власти коју Сабор Православне Цркве предаје својим помесним деловима у назначењу и овлашћењима Њиховог епископа. Уколико би неки од епископа Цркве добио надлежност над целим светом или васељеном, тиме би била повргнута горепоменута пуноћа свештенослужбених овлашћења појединих помесних епископа и Њихових помесних Сабора који су их назначили, чиме би се произвела суперинстанца папства у Цркви и таква би заједница, уместо Христова, постала папистичка, тј, антихристова.

У Цркви се поистовећујемо са личношћу Христа Богочовека и само преко Њега са Тројичним Богом. Дакле принцип саборности је сведочанство првенства Вечитог Архијереја Христа, а не неког тамо папе или патријарха.

Првенство по части одрђеног епископа и његове катедре није предуслов Црквености и Саборности, јер је исто променљиво и историјски условљено. Црква је Једна, као што је један Бог, Света, као љубав Очева, Саборна, као што је благодат Сина и Апостолска, као заједница Духа Светога. Дакле, саборност или католичанство је учешће у животу Христа Богочовека и то Његовом благодаћу, а не надимањем и преузношењем изнад браћом. Уосталом, у чему се сабира Тело Цркве, ако не у својој Глави која је личност Христа Богочовека. Не у личности патријарха или папе, већ у Христу!

Саборношћу у Цркви, Бог је подарио човечанству могућност брачне, супружничке сродности. Црква је обитељ Божја у Којој се, благодаћу, тј, без присиле и свесном одлуком своје слободне воље, орођујемо постајући истоветни Богу у Христу Богочовеку, Који је прволик ка Коме се и према Којем се остварује таква универзална једнобразност, као квалитативна и битијна једнаквост хришћанског рода, која је заправо саборно својство Православне Цркве.

Pitanje prvenstva u Pravoslavnoj Crkvi nema nikakve veze sa Njenom sabornošću. Sabornost je u Hristu a prvenstvo u istoriji. Zbog toga, niko ne spori prvenstvo u jednakosti autoriteta i ovlašćenja, jer, uloga prvog jeste pretsedavajuća u Saboru jednakih, a ne apelaciona i stavropigijalna vlast, sa ovlašćenjima prvenstvovanja koja nisu sveštenoslužbene, već administrativne prirode, i to, samo u okviru svoje pomesne Crkve, a ne iznad sve ekumene, kao papstvo.

Pravoslavna Crkva je već ekumenska. Ona ima svoje eparhije i u Rimu i svuda po svetu. Тачније, све веће Помесне Православне Цркве имају јурисдикцију надлежног епископа за своје црковне општине на подручју Италије и града Рима. Samo sa tih pozicija ona može propovedati jereticima, kao “punoća Onoga koji ispunjava sve u svemu”. A ekumenski dijalog nije opcija, niti sredstvo kojim Pravoslavna Crkva propoveda, nego oduvek primerom i delima, jer naša je Crkva živo svedočanstvo, neoborivi stub i nesavladiva tvrđava Istine o Bogu koja je Hristos Bogočovek.

Ава Јустин лоцира Православну Цркву као свецеловиту и свеукупну екумену, тј, васељенскост, а да је екумена папизма и осталих хуманистичких (читај човекопоклоних) идеологија већ издахнула првом смрћу, отпавши од истинске вере која живи у Православној Цркви, постајући део екумене апостазије или богоотпадништва. Другу или есхатолошку смрт у паклу и вечним мукама, таква отпала екумена може избећи само покајањем и враћањем у саборност живота Христа Богочовека, која је заправо учешће у Његовом Светом Телу, Православној Цркви.

Pridev ekumenski označava neupotpunjenost i necelovitost Crkve, a metoda dijaloga prihvatanje mogućnosti postojanja različitog svedočanstva o Bogu no što ga naša pravoslavna vera daje kroz Crkvu. I to, u tom smislu da naša Crkva ne obuhvata, sadrži i okuplja u Sebi svu ekumenu istinske pobožnosti i pravoslavnog veroispovedanja, već, da joj nedostaju jeretičke i raskolničke organizacije, kao i ostale religije koje sve zajedno sa nama, posedujući deo istine, sačinjavaju punoću i celovitost puteva bogopoznanja koje implicira pridev ekumenski upotrebljen ispred imenice dijalog, u kontekstu crkovnosti.

Niko od svetih otaca Crkve nikada nije tvrdio da Ona prvenstvom nekog od svojih episkopa izobražava Svetu Trojicu. Sveta Trojca je obrazac Crkvene sabornosti u Hristu. Pravoslavni ekumenizam je ništa više nego istočni papizam.

Екуменскост или католичност не означавају јединство Цркве, већ, каквоћу и квалитет Њене јединствености и једности. Тај квалитет је Христово обожено и прожето Његовим божанством људско Тело, које може постати и наше, а ми Његови удови, уколико Га у потпуности прихватимо за свог Спаситеља и потчинимо себе Његовој Богочовечанској вољи. Дакле, саборност је благодатно учешће у Богочовечанском Телу Цркве, у организму и природи Христа Богочовека. Принцип такве саборности, универзалности и свељудскости Цркве је потпуна усаглашеност воље Њених чланова, како би саборност коју Света Тројца имају по природи, постала доступна и нама људима, али по благодати личног јединства са Христом Богочовеком, предатој Телу Његовом Православној Цркви, као израз божанске љубави у даровима Духа Светога.

Православни екуменизам нема везе са екуменством или саборношћу Православне Цркве. То је нецрковна кованица којом се афирмише план насилне и несаборне концентрације власти и ауторитета Цркве у личности тзв.Васељенског или Екуменског Патријарха, ради лакшег наметања унијатства и интерконфесионализма православнима. Наравно, такав план је неостварив и једино до чега може довести је раскол његових протагониста са Православном Црквом.

Ако је такво јединство циљ, процес се не би називао екуменским дијалогом или екуменизмом, којим се појмовима управо имплицира непотпуност, нецеловитост и невасељенскост Православне Цркве.

Mnozina prigovaraat na Crkvata za novotarstvo ili ekumenizam, a pritoa ne razmisluvaat deka raskolot e najeklatanten čin na obete seeretički pojavi, bidejći, nadvor od Crkvata, istite treba da si go postavat prašanjeto komu služat i so kogo soslužuvaat, preku što i se odreduva dali neštata se predaniski i preemstveni.

Крштење је моћ и снага покајања, ради опраштања и ослобађања од бремена греха онима који Цркви приступају, себе предајући да би кроз Њу и Њоме Христу Богочовеку припадали. Дакле, крштење, као и све остале Свете Тајне наше Православне Цркве су установљене управо ради Њеног постојања и изграђивања у пуноћи Христовој, због чега су јој и предате на управљање и распоређивање према Њеним потребама. Наше прикључење Православној Цркви је чин делотворног потчињавања вољи Божјој која на Њој у потпуности почива и Њоме је свецелосно изражена и објављена свим људским поколењима. Такво свесно потчињавање, поклоњење и вољно припадање Цркви је највећи показатељ и мера нечије вере у Бога, која се изражава подвигом приношења себе заједници Духа Светога у Светим Тајнама наше Мајке у Христу Богочовеку, Свесвете Православне Цркве. Због свега тога, Црква вазда отворено позива на покајање све оне који су се од Ње некада у расколу одвојили да јој приступе, са верним обећањем да ће им благословити сва црквена дела и чинове које су обавили и стекли у стању раскола, признајући, усвајајући и освећујући их тиме за своје и заиста ради Ње и Христа Богочовека и нашег Господа Спаситеља учињене.

Свештените дејства и чинови извршени и произведени во раскол, можат да стекнат исполнување на делотворност и полнозначност само откако бидат примени во единството на соборното православие, односно, ако биле вршени и примани со таква намера и цел. Тоа е реалност, а останатото е лицемерие, зошто, така било, е и ќе биде, засекогаш.

Nema potreba od rakopolaganje za onie koi pristapuvaat vo Crkvata odzivajći se na Nejziniot povik upaten sekomu vo negoviot čin, najnapred episkop, a potoa prezviter, đakon ili laik, osvetuvajći gi so svojot blagoslov site nivni činovi i dela, kako nikogaš i da ne prebivale vo raskol. Crkvata i Vas Ve povikuva so istata majčinska blagonaklonost, zatoa što svetite tajni koi vo Nea se izvršuvaat, pak, samo Nejze i se nameneti, za naziduvanje na Teloto Hristovo, odnosno, usovršuvanje na sekoj čovek vo Boga. Oni se odzvaa, prinesuvajjći se vo Crkvata koja gi primi i osveti.

Тоа е аналогно на параболата со блудниот син, кој со покајанието се враќа и прима во домот на својот отец во полната чест, иако претходно истата ја има во целост отфрлено и загубено. Се работи за икономија на спроведување на каноните кои не постојат како мртво слово и самите за себе, туку, токму заради Црквата, а наместо и во замена за акривија, односно, наказание на гревот. Таквата, пак, икономија е можна само за оние кои претходно биле дел од Црквата, т.е., домот на Отецот, но, отпаднале во раскол или надвор од соборот на Црквата како преемници и расипувачи на преданието.

Впрочем и Архиепископот не беше канонски, како што ни самото крштение не е канонско и делотворно, но, откако влезе во единство му се прими, исполни и потврди од соборната Црква, без да се повторува самиот чин на ракополагање. Тоа е така, токму за да им се остави надеж на расколниците, дека она што го прават може дополнително да биде посвоено и уважено во Црквата. Црквата така богодолично и долготрпеливо постапува со нив затоа што знае дека во нивните редови има и значајно мнозинство неосознаен и заведен народ што искрено и чистосрдечно копнее по Бога и мисли дека Нему православна служба му принесува, следејќи ги своите маскирани водачи – разбојници.

Прелеста на расколот е токму во убедувањето дека е можно да се верува и исповеда православно христијанство надвор од Црквата Божја.

Во расколот нема вистинска делотвнорна вера, макар и вербално или писмено да се исповеда православна догматика сублимирана во никео-цариградскиот символ на верата, бидејќи, за жал, со самиот чин на соучество во расколот се негира и одрекува верата во Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква, која вера е интегрален дел на символот и е еднаква по значење и важност со верата во Бога – Света Тројца, заради што, таквите искази се неточни, а нивното исповедање – лажно.

Деновиве, преку искажаните ставови во одбрана и заштита на состојбата на расколот, имавме одлична прилика да ја согледаме и да се увериме во природата на расколничката безблагодатна свест. Нивниот дискурс е целосно политички предиспониран и нема „блага“ врска со православна христијанска црковност. Интенционалноста на нивното поимање на ситуацијата во која самите се наоѓаат е максимално контаминирана од психотични патогени предрасуди кои им се објективизираат во илузивни шизофрени доживувања на реалноста, што укажува на недостаток од благодатна трансцеденција на субјективната когнитивна моќ и неспособност за донесување на објективни и непристрасни судови, како за самите себе, така и во однос на Бога и Црквата како ексклузивен хоризонт на свеста за православните христијани.

Негирајќи ја верата во Црквата, која самата е слика на Света Тројца, Ти ја повргнуваш и верата во Бога, па, затоа, би требало добро да се преиспиташ во што (и заради што) всушност веруваш. вера не е вистинска, односно, православна.

Hristijanstvoto e princip i preduslov na sobornosta na Crkvata, a ovaa izraz na Nejzinoto hristijanstvo. Ako može da se iskaže parafraza za opredeluvanjeto na Crkvata vo simbolot na verata kako “Edna, Sveta, Soborna i Apostolska”, istata bi možela da glasi”Edna, Sveta Trojca”.

Црквата е Една – како што е еден Бог, Света – каква што е љубовта на Отецот, Соборна – каква што е благодатта на Синот и Апостолска – каква што е заедницата на Светиот Дух.

Православната Црква е животот на Бога Света Тројца, воплотен во животот на Христа Богочовекот и продолжен низ сите векови, од почетокот на светот, во вечноста. Разликата на верувањата, нивната вистинитост и спасоносност, се состои токму во признавањето на воплотувањето, на вотеловувањето и очовечувањето на Бога Словото во Христа Богочовекот, Чие тело е всушност Црквата! Според тоа, кој не верува во Црквата, не може правилно и богоугодно да верува ни во Бога!

Впрочем, тоа дека Црквата и нејзината природа, како највозвишена тајна на божјото постоење и соединувањето на човекот со Бога – Света Тројца во Христа Богочовекот е предмет на верата, го знае секој што делотворно ја исповеда оваа единствено спасоносна и пресовршена православна вера, беспрекорно и божествено изразена и посведочена во никео-цариградскиот символ.

Знаејќи дека токму во соборноста се исповеда христијанството и богочовечката природа на Црквата. да се запрашаме, какви ли се тогаш заедниците кои немаат соборност со Христа, во полнотата на Светиот Дух предадена на соборот на апостолите?

Има една ненадминлива аксиома на христијанската вера која недвосмислено определува дека истата не постои вон Православната Црква. Со тоа, сите вероисповеданија и деноминации кои претендираат на христијанство и црковност, вклучително и оние кои свесно пребиваат во раскол, не се повеќе од обични гностички шпекулации и протестански секти.

Vo Pravoslavnata Crkva nikoj ne treba da bide zaveden so stimuliranje na negovite iluzii i zabludi, koi za svoja duševna podloga go imaat robuvanjeto na strastite. Pastirski doktriini ne možat da bidat makijavelizmot i jezuitstvoto. Naprotiv, misijata na Pravoslavnata Crkva e da ja posvedoči najvozvišenata možna realnost koja blagodarenie na Hrista mu stana dostapna i na sekoj čovek, preku Crkvata da učestvuva vo životot na Boga – Sveta Trojca. Vo taa smisla, etničkata pripadnost nikogaš ne pretstavuvala značaen prerogativ na misijata na Pravoslavnata Crkva, počnuvajći od apostolite, preku našite slovenski prosvetiteli, pa, se do denešnite naši pastiri. Edinstveniot kriterium e dali i kolku pastirite se sposobni da go svedočat voplotenoto Slovo Božje, Hrista Bogočovekot, sposobnost, odnosno, harizma koja istite, bez isklučok, ja poseduvaat blagodarenie na sveštenoslužbenata vlast koja im e predadena i vo koja se rakopoloženi od Svetiot Sobor na Pravoslavnata Crkva.

Smrt postoji. Ona jeste realna, ali nije i nema sopstveno biće, već je bezblagodatno i nehrišćansko stanje stvorenja. Sudbina čovečanstva je sloboda hrišćanstva. Drugim rečima, smrt je bolest bića, njegova neujedinjenost sa Bogom, obesvećenje i nesabornost, delimičnost i ispraznost, potpuna nemoć, necrkvenost i bezličnost postojanja. Suprotna od smrti je ličnost koja se biću daruje od Boga kroz Hrista u Pravoslavnoj Crkvi.

Во Црквата, Бог му подари на човештвото можност за брачна, сопружничка сродност. Црквата е обител Божја и во неа, по благодат, односно, без присила и според свесниот избор на сопствената слободна волја, се ородуваме и стануваме истоветни со Бога, а различни од останатите луѓе. Заради тоа, Црквата се нарекува соборна или католична, што означува квалитативна и битијна еднаквост, односно, најприсна сродност на сите Нејзини членови со Бога, во Христа Богочовекот, дотолку што, називот соборна, најдиректно ја означува Црквата како Христова, односно, богочовечка. Последователно, да се биде христијанин, не значи ништо друго, туку, да и се припаѓа на Црквата и да се учествува во нејзиниот светотаинствен живот чија полнота од духовни дарби ни е предадена како овластување за свештенодејствување, токму, преку епископите како директни преемници на апостолите, заради што и Црквата се нарекува апостолска. Затоа, неоснованите напади врз архиереите на Црвата, само покажуваат колкава е отуѓеноста на таквите луѓе од Бога и сведочат за нивната духовна оскрбеност надвор од заедницата на Светиот Дух.

Православната Црква во историјата е продолжување на настанот што се случил на Педесетница од Христовото Воскресение. Во таа пригода, која во Црквата постојано ја живееме и актуелизираме, Светиот Дух, во вид на пламени јазици, слегол врз соборот на апостолите. Не врз некого од нив посебно, туку, додека сите заедно пребивале во „горната одаја“, постојано молејќи се на Бога. Со тоа, сета полнота на духовните дарби и власта за нивно распоредување во делото за изградување на Црквата, му била предадена на севкупниот собор апостоли, чии директни наследници се денешните и идните епископи на Православната Црква. Според правилото дека „Црквата е во епископот, доколку, епископот е во Црквата“, секој еден епископ е носител на полнотата на свештените дарби само како представник и полномошник на севкупниот собор од епископи, а помесните Цркви се органи на врховната соборно-апостолска власт во Црквата и без оглед на нивното првенство по чест, големината на нивните јурисдикции или титулите што ги носат како патријаршии, архиепископии и слично, сепак, истите подлежат на соборна оценка и суд за своето дејствување, такашто, ниедна од нив, не се во апсолутна смисла автокефални. Затоа, соборноста во апостолите е клучен критериум за правилно умножување на Црквата, токму, како што секој еден епископ бива ракоположен исклучиво консенсуално, односно, со учество или согласност на сите епископи членови на помесниот собор надлежен и ополномоштен за односната територија како представителен, извршен и судски орган на севкупниот собор епископи на Вселенската Православна Црква. Аналогно на тоа, во Црквата, како жив организам што ја проникнува историјата и вечноста, не е можно било која инстанца да произлезе самата од себе, ниту е можно самата да си додели и превземе обем на овластувања или пак, чест на уважување, туку, за се си постои утврден беспрекорно правилен поредок што обезбедува соборноста да се распространува со љубов и да се протега како органско единство во Духот, поврзувајќи ги одделните членови во меѓусебен мир!

Помесната автономна или автокефална Црква не е само обичен сојуз на локалните Цркви, односно, епархии. Ниту, пак, самостојната епархија е самодоволна црковна единка, која би можела, само врз основа на внатрешното единство на епископот, клирот и народот да ја поседува полнотата на црковните дарови и да ја објавува целата вистина за спасението, заради што, епархиите ниту можат да бидат самите по себе и со самопрогласување самостојни и автокефални, ниту можат своеволно, суверено и независно да стапуваат во сојуз помеѓу себе и на тој начин да создаваат самостојни и автокефални помесни Цркви. Самостојната и автокефалната помесна Црква не е некаква политичка самодржавна целина во федеративен или конфедеративен однос со вселенската црква, туку, таа представува помесен орган на севкупниот епископат како единствен носител на сите видови овластувања во Православната Црква.
Според тоа, во Православната Црква, дури и автокефалните помесни заедници, вклучително и оние кои уживаат првенство по чест, представуваат орган на соборната полнота и подлежат под соборен суд.

*(Кон „Логосите на битијата“ од Никос Мацукас) Колосален и монументален теолошки текст. Во него се дава прецизен одговор на прашањето за нераскинливата поврзаност на постоењето на созданието со благата предвечна волја на Создателот содржана во логосите на битијата. Проблемот настанува со устројството на природата на човекот кој иако едно битие, сепак, за разлика од останатите созданија, како своевиден образец на космосот (микро или макро-космос во вселената) неразделно е сложен од свесна и несвесна стварност која е взаемно логосна во својата соз-дадена онтолошка смисла, додека, во есхатолошка, односно, поканета и очекувана од Бога конечна и совршена димензија, според свесното субјективно изволение, самата треба да се одповика и да одговори на призивот, та, во содејство и со помош на благодатта, да го исполни предназначеното подобие во полнотата на својата битијна логосност. Според тоа, созданието, макар што е создадено “ни од што“ претходно постоечко, сепак, поседува одредена неизменлива иманенција според неизменливото Божјо изволение за сопствената природа и таквата онтолошка подлога која човечкото битие ја содржи во својата природно зададена сообразеност со Бога, не може да биде целосно уништожена ниту со противлогосната гномичка волја на поединецот, заради што, човекот, според својата природна, независна од свесната согласност на поединецот причесност кон Божјата волја за устројството на човечката душа како вечно постоечка и неуништлива стварност, не бива единечно разнебитен дури ни со конечниот праведен суд Господов, туку, продолжува да постои како конкретно битие со посебен идентитет и сопствена свест, според трајно приволеното определување на слободната волја, дури и во амбиентот на вечното проклетство на пеколот. Затоа, сметам дека созданието не е субстанцијално засновано на ништавилото и не е ништожно по својата природа, туку, напротив, тоа ја има својата онтолошка подлога и битијна автентичност во Божјата волја, а својата целисходност или залудност, односно, конечно значење и намена, ги задобива во контекст на слободната волја на конкретната личност во која суштествува и егзистира стварноста.

*(Кон „Името Божјо“ од Милтијадис Константину) Кога Бог му вели на Мојсеја „Јас сум Оној Кој што Е“, всушност кажува дека не е спознатлив и именллив според својата несоздадена надсуштествена природа, туку, само преку своите несоздадени природни енергии кои ни се достапни олицетворени во Оние кои се еден Бог – Света Тројца. Така, ниту самото име Бог не се однесува на Неговата надсуштествена природа, туку, исто така, представува поим соопштен од дејството на Неговите несоздадени природни енергии. Затоа, единствениот поим што можеме да го користиме само за на Бога да му се обраќаме е всушност името што објавува Кој е Бог, односно, името на неговата личносност, Света Тројца, Неразделна и Неслиена, од Отецот, преку Синот, во Светиот Дух. Се разбира, ваквата Божја изјава не треба да ја ставаме во контекст на егзистенцијалистичките филозофски тенденции и да конструираме персоналистичко богословие врз нејзините светоотечки интерпретации дека личноста Божја има онтолошко првенство над Неговата суштина, па дури и дотаму да се заклучува дека Бог како личност, односно, ипостасот на Отецот, со причинување на Божјото постоење како Света Тројца, всушност ја произведува и самата Божја суштина како некаков феноменолочки извод, метафорички комплекс и алегориски синоним на личното постоење.

Advertisements
This entry was posted in на македонски јазик. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s