Последен збор

Не остана многу, возбудата спласна,
И џагорот стивна и вревата згасна.
Метежот силен во неврат го снема,
Избледеа сенки и исчезна трема.

Мислата дива воздишка ја впрегна,
Во срцето оган, молскавица жегна.
Солзите капат, излеваат немир,
Брегот се рони од бескраен свемир.

Прегратка блага топло ме приви,
Ги облеа светлина дамарите сиви,
Милозвучен пој во гради ми ѕвони,
а целебен мирис ноздрите ги полни.

Струните мои окрутеа веќе,
А бедрата трнат, венеам к`о цвете.
Болката страдна другарка ми стана,
Привикнав на немоќ и на лута рана.

Духот е нестрплив и пред порти цупка,
Наслушнува чекор дал` в лисјето шушка.
Промена нова Господарот спремил,
Во одежда царска го облекол и примил.

Advertisements
This entry was posted in Поезија. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s