Раскол 2007-ма

Мислам дека задача на Црквата е да се бори за црковното име и статус, за посебноста на облиците од едното православно предание, да му сведочи и го евангелизира своето стадо. Притоа не треба да ја предводи битката за телесната чест на своето стадо, историски збунето во поглед на светобличноста и припадноста, туку повеќе да го учи на внимание кон душевното спасение.

Сакам, нашата мајка Црква која кон Христа не приведе, во Христа не изми и не облече и од која никогаш нема да се откажеме, да ја видам како не учи на презир кон дамнешната слава на нашето име, подобно на нашите славни предци – првите европски христијани и постојано да не потсетува дека сме родени во племето на сираците во овој свет.

Така и ние Македонците поскоро ќе пораснеме во љубовта, со чија сила ќе го разрушиме во себе секој идол на адамодвоеноста и ќе создадеме од себе пастварен простор на Македонската Православна Црква, за предводничко сведоштво на православно воселенување.

Ги молам нашите браќа од православните Цркви, да не ја сквернат нашата мајка Црква, туку да ја почестат при себе како вистинска Христородителка и правилно да ја разберат потребата, нејзините пастири да бидат препознаени и прифатени во опинците со најголема чест во стадото, само за да проповедаат, пасат и спасуваат.

Зошто, не е работа на Црквата да прогонува од себе јазици, но сите нив мајчински да ги преобразува во богослужбени, ниту да го разубедува човека во неговиот световен родослов, но да го упатува во неговото Царско свештенство, наместо да учествува во нашата отуѓеност, верно и достојно да им го предава Бога, лебот насушен, на луѓето.

Ако православните браќа не можат да смогнат сили и не примат во единството на татковиот дом, нас блудните но покајани синови, ако ја ненавидат нашата митарска потреба за милост, тогаш во најмала рака не упатуваат на погрешен заклучок за Оној кој ова лозје им го поверил, роптаат против нашата плата, ја презираат својата отплата.

Пронаоѓањето на сопствениот идентитет, било за поединец или народ е невозможно надвор од Православната Црква. Сите останати аспекти на нашиот личен и народен идентитет се само ветви облекла врз вистинската суштност на христијанинот, која е невидливото полно присуство на Христа – Љубовта во нас.

Денешните македонци, имаат анти-идентитет, односно во недостаток од родова историја, а меѓусебно се препознаваат по непрепознатливоста.

Едноставно, Македонците се народ без своја историја и сега, како последно прибежиште за нашата потреба од идентитет, ни се подметнува Црквата. Таквата желба е соблазна бидејќи во својата суштност Црквата нема политички и национален идентитет во светот. Таквите стремежи во својата исходност ќе не оддалечат и од Небото, како што анти-идентитетот не оддалечува од историјата.

И покрај се, на несилниот треба да му се помага, па така и на Црквата во Македонија треба да и се сослужува, а проблемот со името и статусот да се остави за надраснување во единството со Бога.

Сметам дека треба да се раздели генеолошката од политичката личност на народот и македонството да се поима и идеологизира во својата општочовекољубива христоцентрична контекстуалност, а родовиот происход, независно и без фрустрации да се разоткрива постепено низ историјата.

Ваквата поделба би го ослободила битието на денешниот македонец, да се востреми најнапред кон себе во Царството Божје, за да може историската генеза да ја доживее како кеноза кон Адама.

Ние сме сведоци на нарушувањето единородноста и католичноста, како логоси на соборноста во денешното православие и таквите одстапувања доведуваат до соблазни и расколи какви што доживеавме.

Таквите камења на сопнување, се јазикот како територија на воплотување (епископство) и одстапувањето од епископалниот принцип на соборност (афтокефалија), кои го невозможат единството на вселената Црква во Христа, својот духовен камен, кое што е извор на секое благобитие.

На Бога му е можно и од камењата да си воздигне народ Божји – Израил. Сета возгордеаност која не разделува и оптоварува е излишна, а етнофилетизмот, претставува своевидно лукаво вовлекување на човекобожтвото (хуманизмот) во Црквата. Заради тоа, неопходен е многу поинтензивен презир кон вопросот на светобличноста и светоприпадноста.

Се што треба да правиме е да опстоиме во љубовта.

Во Скопје, 2007-ма година

Advertisements
This entry was posted in на македонски јазик. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s