Македонска политика

Македонската државна политика одсекогаш била обременета од идентитетските фрустрации на македонскиот народ. Особено по осамостојувањето и независноста стекнати во 1990 година, националната идеја стана средиште на политичките заложби за афирмација на етничката посебност, дотогаш рудиментирано сместена во јужнословенскиот корпус на народи, изложена на повеќедецениска систематска асимилација кон српскиот јазичен и културен идентитет.

Ослободена од доминација, македонската политичка мисла се соочи со видлив недостаток од автентична содржина за пообемна идентитетска подкрепа на националната идеја, заради што, се изнедрија дополнителни фрустрации во поглед на славјанската родова припадност на македонскиот народ.

Македонската историја, сведена на ослободителните стремежи од антиотомански и антифашистички карактер, дополнително еуфемизирана преку идеолошката диференцијација на сите свои протагонисти, нудеше палета од апатични ликови на политички коректни херои, подобни на југословенската национална кауза за идеолошко братство и единство на конститутивните етнички ентитети.

Актуелизираниот патриотизам беше лишен од позначаен историски контекст, заради што, се подвои на две нерамномерно спротивставени тежненија, односно, на малубројно искреносрдечно родољубие склоно кон соочување со вистината за себе и на користољубив шовинизам погоден за професионализација на национализмот и патосот кон етничката припадност.

И додека родољубите ги разоткриваа полнокрвните аспекти на националната историја, кариеристите трагаа по нова звучна и фасцинирачка содржина која ќе ја субституира вистинската генеологија на Македонецот и ќе ја распространи неговата посебност во нова, фабрикувана историска стварност, погодна за долготрајна политичка злоупотреба.

Македонскиот народ, заробен во социјалната проекција на својот редуциран историски идентитет, очајнички жеднееше за пославна и побогата посебност со која ќе може да излезе од сенката на своите постари браќа и да им пркоси на соседните православни славјански народи.

Во услови на агонично бегство од реалноста, хроничен синдром на изразена подозривост и психотична загрозеност, аутизмот стана превладувачка национална политика, доктринарно втемелена на параноичен надреализам, антиисторичност и антиидентитет.

Македонските леви сили, лагодно јавнати врз бранот на политичката инертност, за време на своето владење, пропуштија историска прилика за конечно национално помирување, преку целосна етничка идентификација.

Посткомунистичката елита, заради недостаток на културолошка наобразба, демократски капацитет и национална одговорност, настојуваше трајно да го конзервира нивото на етничкото сознание во рамките на дотогашната историографија, пришто, од позиција на тотален естаблишмент, игнорантски го алегоризираше секој обид за социјален дијалог на таа тема, со најистакнатите представници на интелектуалната десница од тоа време.

Чедата на дијалектичкиот материјализам, раскомотени во своите малограѓански заблуди, заборавија дека секој статичен систем на општествени односи и вредности, неминовно создава спротивставени општествени сили, кои, доколку навремено не бидат идеолошки и материјално релаксирани, природно ќе надвладеат со помош на деструктивна и неартикулирана инстиктивна сила.

Крајот од милениумот, Македонецот го затекна како што и векот го остави, сеуште, само обична политичка патка, т.е., неубедлива историска шпекулација во која и самиот не верува!

Својата држава и своите сонародници, како впрочем и своите блиски и самиот себеси, тој воопшто не ги распознава, почитува или сака како национално бележити политички индивидуи, а во таа насока, единствено го интересира, како би можел политикантски да ги стави во своја функција и да ги искористи.

Така, ние кои бевме повикани да бидеме Македонци, одбивавме да учествуваме во сопственото национално созревање и одстрана, скептично го набљудувавме своето политичко време, а националното име остана само синоним на една промашена политичка реалност и мноштво популаризирани заблуди со кои си ги залажувавме суетите и го конзумиравме лажниот идентитет.

Сите овие години, македонската политика не успеа да изнедри ниту една издржана национална идеја неопходна за реално и долготрајно профилирање на политичката волја, како единствена државотворна сила на народот.

Државата и нејзините граѓани се целосно анационализирани и во рамките на општеството, воопшто не се одвива институционализирана активност за темелно осмислување на причините на државноста, за местото и улогата во меѓународните односи, како и за перспективноста во рамките на историските и цивилизациските текови.

Ваквиот ментален, идеолошки и идентитетски вакум, ја деградира и банализира политиката до ниво на општонародна забава и ретардирана играрија, заради што, демократскиот механизам, налик на томбола, неартикулирано вшмука и исфрли право во врвот на власта недоветни и недозреани индивидуи, како наказно карикатурално олицетворение на очајот и безнадежноста на современата македонска политика.

Прототипот на оваа неоренесансна културолошка субверзија представува класичен пример за преамбициран човек, со хиперболично себедоживување, умислен, идолопоклонички самоповикан и самопосветен во замислите на сопствената индивидуалност, со наполно интровертиран сензибилитет, неспособен за подредено или рамноправно коегзистирање, обременет од мноштво психофизички фрустрации наталожени заради непомирливоста со околината и нејзините перцепции на неговата личност, опседнат од императивот на успешноста во наметнивањето и распространувањето на себеобожувачкиот идеал како култ и придружно, перманентно потиснуваниот потсвесен страв од поразот и срамот, овој беден и мал човек, подвижнички неуморен и хиперпродуктивен во произведувањето медиокритети на сопствената потпросечна ништовност, ќе оди до крај, грчевито ќе посегнува и ќе превзема секакво зло, нужно да ја избегне вистината и соочувањето со поразителната реалност на сопственото несоодветно и во целост промашено постоење.

Ако постои синоним што може да го сублимира целиот карактерен синдром на новочовекот од нашиот микрокосмос, тоа сигурно е поимот „копиле“. Впрочем, од таму произлегува целата накажаност и апсолутна антиестетика на неговото мачно и здодевно историско присуство.

И така, поради недостаток на автентичен национализам, природниот стремеж на политичкото битие кон општествена хармонија и рамнотежа, како пандан на универзализмот, мондијализмот и либерализмот на левите политички сили, од недрата на својата противречност и контроверзност, произведе и овласти композитна идеологија која со текот на времето прерасна, созреа и дејствително ги исполи сите карактерни одлики на еден модерен македонски национал-социјализам, т.е. нацизам.

Advertisements
This entry was posted in на македонски јазик. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s