Словото човечно

Словото Божјо е образецот и возраста на нашето создавање. Истото тоа Слово, нашиот Господ Исус Христос е начинот примерен за нашето спасение, како дел од Него, како Татковски зборови и дела, синови на Великиот Бог.

И како што Словото Божјо е содржина на сето постоење, така и нас, Господ не создал словесни, та, да му пристапуваме и да му се предаваме како угледни и честити христијани, со нашето слово човечко во неговото изворно литургиско значење и превосходна евхаристиска намена.

Како што растенијата потекнуваат и живеат преку своите плодови, така и човечките души според словото, односно, причината и целта на своето постоење. Нашите души се наше синовство и наша словесност. Тие не се последица, туку цел на Љубовта Божја.

Нашето слово секогаш ја одразува човечката природа, во спротивно, остануваат само празни зборови и суетни дела, безобразни и недолични слова, безживотни идоли што го угнетуваат човечкото достоинство и битијна слобода. Но, ние православните можеме благодатно да стекнеме и божествена природа, па и нашето слово да се преобрази и прерасне во Божјо.

Тоа се случува на ист свештен и таинствен начин како со лебот и виното кога биваат претворени во Тело и Крв Христови, бидејќи, како што тие се храна и питие телесно својствени само за човечкиот род, така и словото е единстениот автохтон конституент на нашиот дух, кое во себе органски ги поврзува и соживува причината и целта, вистината и добрината, смислата и намената, т.е. состојките од кои сме создадени, заради кои сме луѓе, единствените суштества создадени според образот и подобието Божјо, односно, според Неговото Безначелно Слово и Син, Нашиот Господ и Спасител, Исус Христос.

Пазењето и следењето на Словото Божјо во светот, неминовно води до загуба на својата душа, односно, поистоветување на нејзината судбина со Неговата Голгота. Господ Бог не може да љуби поинаку освен како Отец. Не можеме од Него да бидеме љубени, односно, со Него соединети, освен преку Неговото Слово, како Негови Синови.

Душата не може да стане бесловесна, зошто и во неодлучноста застапува свој став. Секој нејзин здив е проникнат со некаква заложба и таа секогаш е во потрага по својата вистинска благосостојба. Нејзина превосходна потреба и насушна храна е достоинството, заради што е склона кон заедништво во кое истото може да се изрази соодветно умешно на нејзините знаења.

Човечкото слово е мислоподвижно и може да се обожи само доколку мисли молитвено и дејствува воздржливо, покајнички послушно на Словото Божјо, низ словото на духовниот отец.

За да се претворат нашите зборови и дела во човечко слово, неопходно е усвојување на заповедта за љубовта, односно, наоѓање смисла и цел на своето постоење во помирувањето со Бога и соединувањето со луѓето во Него.

И така, сакајќи сите наши мисли да потекнуваат од Бога, го собираме умот во срдечна молитва како во ведро на премудроста Божја и во целост Му се оддаваме на послушание, готовни да ја потврдиме праведноста на Неговата волја во се што не засега.

Воедно, стремејќи кон сочувствителност со сите луѓе како себеси во Бога, го воздржуваме разумот во добродетелност, трудејќи се никому да не сториме нешто што не ни годи нам, во Бога.

На тој начин, ние ги чистиме нашите зборови и дела од вишокот и тие стануваат недвосмислени потврдувачи на Божјата волја и одрекувачи на лукавоста, односно, да, да и не, не!

Таквите чесни дарови Бог ни ги дава да ни послужат како слово, односно, човечки принос за осветување и преобразување во Словото Божје, Плодот пребогат со семе и насушна храна за духовен (заеднички) живот.

Advertisements
This entry was posted in на македонски јазик. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s