Култура и урбаност

Културата е систем од вредности кои ги почитуваме и на кои им го прилагодуваме своето однесување. Таа е плод на нашата потреба од осмислување на животот и постоењето, односно, стекнување идентитет на разумно битие.

Како таква, таа може да биде остварена и потврдена само во взаемен однос со други разумни суштества, заради што, истата неминовно подтикнува соодветен облик на организирано здружување и доведува до појава на урбан живот во секоја сфера на своето постоење.

Така, преку културата, разумните суштества жртвуваат дел од природниот суверенитет и карактерни особености, заради усогласен начин на живот со останатите единки  со кои взаемно се потврдуваат и изградуваат, како чинители и учесници во делото на осмислувањето.

За разлика од културата, некултурата е одсуство на свест за своите постапки или недостаток на желба за сознавање и умствено образување на мислата како двигател и начело на нашата дејствителност.

Некултурата не претопува и соединува со хаосот и стихиите, правејќи не непрепознатливи и покажувајќи не неблагородни, односно, сосема неумесни за билокаква организирана взаемност и урбаност.

Всушност, некултурата е својствена само на неразумните битија, односно, животните, додека некултурното поведение на луѓето секогаш се должи на несогласување, незадоволство и презир кон односниот вид култура и урбаност, та, попрво треба да биде сметано за протест и антикултура, одколку за несвесно и бесмислено однесување.

Успехот на културата зависи од прифатливоста на нејзината идејна подлога, такашто, вистинската култура и добробитна урбаност секогаш е недоволно сватлива и прифатлива, односно, далеку помалубројна одколку културата на лажните вредности и нејзината непринципиелна урбана структура.

Advertisements
This entry was posted in на македонски јазик. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s