Љубовта и Црквата

Љубовта е врховна заповед и дар. Таа е од Бога и наменета е за соединување со Него. Нам ни приспева во срцата, од умот, преку разумот. Како и Крстот Господов, има две димензии, останувајќи една, а тоа, поучувајќи секого за себе како да стане сличен на Бога и сите заедно едни на други, односно, Нему.

Тие се развиваат напоредно и симултано, без одстапувања, преку преобразба на умот и превоспитување на разумот. Овој процес на растење и созревање може слободно да се подели во пет редоследни стадиуми до стекнување на неподелената љубов, кои може да се именуваат како: сили, состојби, дејства, чинови и почести, пришто, нашата душа, водена од љубов, се исполнува и стекнува со сопственото изворно значење и крајна намена.

Ако ги погледнеме десетте старозаветни заповеди, ќе увидиме дека и тие се поделени во две групи и тоа: пет богољубиви и пет човекољубиви, пет мислечки и пет дејателни, односно, умствени и разумни, а сите заедно срдечни. Но, исполнувањето на овие е невозможно единечно и спорадично, нагласено или придушено, а само во потполн дослух и хармонија. Токму затоа, нашиот Господ ја видоизмени душата на новозаветниот човек во посовршен инструмент за Негово познание и восприемање, од десеттострунен псалтир, во двожично гусле на кое е невозможно да се произведуваат издвоени и засебни тонови, туку секоја уметност е созвучна на одредена целисходност.

И така, љубовта Божја, преку посинувањето во Господа Исуса Христа стана двојна, освен божествена, воедно и човечка, бидејќи суштествена, истодобно и причесна, не само слободна, туку и благодатна, останувајќи начелна, се покажа и како судбоносна, синхронизирајќи ги во вечноста онто и есхатологичноста на сите свои плодови.

Нејзината божественост стана повод, еросот, односно, желбите и посакувањата душевни да се преобразат во незапирлива умствена сила, т.е. мудрост, постојано созерцувачка состојба и незаборавно сознавачко дејствие на Вистината за себе, преку неа самата која е во Бога и е Бог, Кој сака да е со нас, заради што и ни открива кои сме, за да можеме да го засакаме како што Тој не возљуби, повеќе од себеси.

Во човечноста на љубовната заповед се пројави нашата разборитост, преку постојана добродетелност во доблестите на верата да искусиме од Него единствениот Добар, какви прилега да сме, волни да си бидеме пријатни едни на други и со Неговата благодат, милосрдно да си послужиме.

И како што секој принос е плод, а навистина се дава само она што природно се поседува, така и дарот на Љубовта е во Црквата, која е храна и семе на христијаните, единствениот богочовечки и небоземен пород на Љубовта.

Токму Црквата Божја е плодот по кој се препознава Љубовта и жива икона на нејзиниот вид низ која што Таа дејствува онака својствено и долично на својот Источник, како благодатта на Господа Исуса Христа преку која уверливо не убедува во Себе и така одушевени, не помирува и поврзува во посветеноста на соединувањето, односно, заедницата на Светиот Дух.

Според тоа, љубовта органски ја сочинува Црквата и доколку на било која инстанца сме разединети со Неа, нам ни недостасува основниот стремеж на побожноста, без кој, духовниот живот станува надворешен и се разлага во неброени егзистенцијални безпаќа, конфузно набележани со залудни душепогубни ориентири.

Духовните степени, возраста и совршенството се стекнуваат без правила, според Божјата промисла која се остварува ненаметливо, преку благодатта, во Православната Црква. Тие не се цел за себе, затоа што во Црквата, сите, природно и во потполност на своите сили, сходно на љубовта, идеално ги поседуваат.

Благодатта има една проста цел, секого да го направи дел и да го соедини со Христа во Православната Црква. Затоа, духовните степени и раст се целосно аналогни на Црковната и Небесната Ерархија, а духовноста, која е плод на благодатта, не постои и не се остварува кај оние кои се подвизуваат одвоени од Христа. Нивната “духовност”, неминовно и без исклучок е скверна, блудна и демонска, односна, директно насочена против Православната Црква.

Литургијата на Православната Црква е жив приказ на духовноста. Таа е присуство, случување и остварување на самиот духовен живот. Нашата духовност е наше учество во таа литургија, во тоа заедничко дело на сите христијани, остварување на животот на Христа Бога во нас. Начинот и видот на тоа учество е всушност степенот на духовниот раст во совршениот човек и совршениот Бог, Христос Спасителот.

Сите кои се надвор од Православната Црква, своите молитви му ги принесуваат на ѓаволот, кој неуморно ги просветлува да чекорат напред кон својата пропаст. Мотивот на духовното подвижништво надвор од Православната Црква е заради незаслужено и безаконо здобивање на “духовни“ сознанија и исто такво, приграбување и присвојување на “духовен“ авторитет и власт врз душите на луѓето.

Нашата индивидуалност се олицетворува во Господа Исуса Христа, во чинот на доброволното нејзино одрекување заради приљубување со суштината на нашето создавање, човекољубието Божјо. Токму затоа, љубовта е единствениот извор, благодатта двигател, а Православната Црква цел на духовноста.

Сиот поднебесен свет и се противи на Православната Црква, не од било која друга причина, туку, токму заради залогот на љубовта што Таа во себе живо го поседува и до денешен ден, го чува, пази и пронесува низ порочното време на човечката историја.

Црквата е обител Божја и во неа, по благодат, односно, без присила и според свесниот избор на сопствената слободна волја, се ородуваме и стануваме истоветни со Бога, а различни од останатите луѓе. Заради тоа, Црквата се нарекува соборна или католична, што означува квалитативна и битијна еднаквост, односно, најприсна сродност на сите Нејзини членови со Бога, во Христа Богочовекот, дотолку што, називот соборна, најдиректно ја означува Црквата како Христова, односно, богочовечка.

Православната Црква не учи да ја примиме Љубовта со љубов и преку покајанието на своите гревови да станеме живи свидетели на Вистината, а со послушно извршување на Божјите заповеди и носители на блажениот вечен Живот, како би смогнале, заедно со сите свои надежи да му се принесеме себеси на Бога, повикувајќи го Самиот да се всели во нас и да ни го предаде најубедливото сведоштво на верата, нашето спасение од погибелта и заборавот во Господа Исуса Христа.

Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква е небесна утроба која од истата и единствена, на заедништво посветена, непоколеблива и непрекинато благодатна волја Божја – Љубовта, раѓа нови луѓе, синови човечки, еднодушни сотелесници Господови, домаќини на Неговото смирение и наследници на Неговата слава, православни христијани.

Advertisements
This entry was posted in на македонски јазик. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s